Германската Дрекслмајер групп на својата веб-страница објави конкурс за вработување менаџери во фабриката за автоделови што планира да ја отвори во Кавадарци. Огласените работни позиции се дел од 4.000-те вработувања што ги планира германската компанија во инвестицијата во Македонија, која, според првичните најави, ќе изнесува околу 30 милиони евра. Износот на инвестицијата и бројот на работни места неодамна го објави министерот за странски инвестиции Веле Самак, но тогаш не го кажа името на компанијата. Фирмата ќе произведува електрични инсталации и кабли и ќе има капацитет со околу 4.000 вработувања во наредните три години. Производите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на Мерцедес во Германија, поточно во моделот Ц-класа.
Германската Дрекслмајер групп на својата веб-страница објави конкурс за вработување менаџери во фабриката за автоделови што планира да ја отвори во Кавадарци.
Огласените работни позиции се дел од 4.000-те вработувања што ги планира германската компанија во инвестицијата во Македонија, која, според првичните најави, ќе изнесува околу 30 милиони евра. Износот на инвестицијата и бројот на работни места неодамна го објави министерот за странски инвестиции Веле Самак, но тогаш не го кажа името на компанијата.
- Фирмата ќе произведува електрични инсталации и кабли и ќе има капацитет со околу 4.000 вработувања во наредните три години. Производите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на Мерцедес во Германија, поточно во моделот Ц-класа - изјави Самак.
Според него, ова е одлична можност за многу луѓе кои се наоѓаат себеси во ваква струка и професија да аплицираат за фирма која за некоја година ќе стане можеби најголемиот работодавач во Македонија.